Манев: Не размислував многу, Шкендија е голем клуб

239

Одбранбениот играч на репрезентацијата на Македонија, Јован Манев, ги сподели своите први впечатоци по потпишувањето на двегодишниот договор со Шкендија. Тој вели дека е среќен и мотивиран за оваа нова авантура во својата кариера.

„Среќен сум што сум дел од Шкендија. По пет или шест години се враќам во Македонија. Секако, тоа е дополнително искуство што го стекнав на меѓународно ниво. И како што реков, среќа, нова мотивација и се надевам на здравје и успех, и за мене и за Шкендија. Сум бил во други клубови на меѓународно ниво, но и Шкендија организациски и како голем клуб е на слично ниво со тие клубови, и не размислував многу за опцијата Шкендија, бидејќи знам каков клуб е Шкендија. И подготвен сум да дадам се од себе на секој тренинг и на натпреварите, за да постигнам добри резултати. Нормално е притисокот да биде многу поголем, бидејќи Шкендија е клуб кој се бори за првото место, за шампион на Македонија. Но, тоа е дополнителна мотивација да бидеш подобар и да го дадеш својот максимум. Тој притисок го вади најдоброто од тебе и јас сум подготвен да го дадам“, изјави Манев во првото интервју како фудбалер на тетовските „црвено-црни“.

ПретходноКој колку ќе заработи од СП 2026? Шампионот добива чек на 50 милиони долари!
СледноУтре на финалето: Борбени авиони Ф-16, снајперисти на стадионот, илјадници агенти на ФБИ