Судии од Малта на мечот Вардар – Рига, Полјаци на реваншот во Летонија

44

Откако беше елиминиран на стартот во 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, Вардар во фудбалска Европа продолжува со настапот во втората квалификациска фаза во Лигата на Конференции а противник ќе биде Рига од Летонија.

Првиот меч се игра во Скопје на 22 јули (среда) со почеток од 20 часот, додека реваншот во Рига е закажан за 28 јули (вторник) со почеток од 19 часот.

Познати се и судиите.

На првиот меч во Скопје тоа ќе бидат судии од Малта на чело со главниот Филип Фаруџиа, додека на реваншот во Рига главен судија ќе биде Војчех Муц од Полска.

ПретходноРазговор со Саша Димитријевиќ за новата улога – консултант за развој на млади играчи во МЗТ Скопје
СледноБалканот “бруи“ за голот на Георг Стојановски, погледнете зошто!(ВИДЕО)