По пензионирањето прво на Роџер Федерер, а потоа и на Рафаел Надал, постојано се зборува за тоа кога Новак Ѓоковиќ ќе ја заврши кариерата.
Сепак, српскиот тенисер сè уште се бори со најдобрите на турниеите и се обидува да стигне до јубилејниот 25-ти Гренд Слем.
Но, на39-годишна возраст, сосема е нормално што темата за пензионирање често се споменува. Новак не бега од фактот дека моментот на повлекување е блиску.
„Сè уште чувствувам дека можам да се натпреварувам на највисоко ниво. Сепак, моментот кога ќе ја завршам кариерата е секако поблиску од кога било. Андре Агаси еднаш рече дека не знае кога ќе заврши мојата кариера, но дека кога ќе заврши, сè ќе оди многу брзо. Мислам дека е во право“, рече Ѓоковиќ за време на настанот „Fanatics Fest“.
Ѓоковиќ верува дека не постои идеален начин за пензионирање.
„Некои сакаат да се пензионираат додека се на својот врв, други си заминуваат кога нивните тела повеќе не можат да издржат, а има и такви кои сфаќаат дека повеќе не можат да се натпреваруваат со најдобрите. Јас само се обидувам да уживам во она што сè уште можам да го играм.“










