Младите кошаркари го завршија Европското на деветтата позиција

160

Македонската машка кадетска кошаркарска репрезентација го заврши Европското првенство Б дивизија на деветтото место.

На дешениот дуел за разигрување по места, Македонија беше поуспешна од Босна со конечни 91-81, и на тој начин сосема легитимно може да се каже дека успешно го заврши овој турнир кој што инаку се одржа во Словачка.

Нашите млади кошаркари одлично го финишираа овој турнир, со серија успешни настапи во мечевите за пласман. Штера што на стартот на турнирот во групната фаза не ни „се поклопија коцките“ за да влеземе во елиминационата фаза.

Младеновски на овој меч ја предводеше Македонија со свои 17 поени, додека Луканоски кој што игра на позицијата центар додаде два помалку. Димитриев и Ќирилоски се запишаа во листата на стрелците со 12 односно десет поени.

 

 

ПретходноДенеска на Мундијалот: Јамал VS Меси, Шпанија VS Аргентина, епска битка за титулата!
СледноЧави си кажа што сака да работи во фудбалот во наредниот период!