Вардар во среда во Скопје игра „поправен“ испит во Европа и тоа во третото по ранг натпреварување на УЕФА откако минатата недела „црвено-црните“ беа елиминирани од финскиот КуПС во Лигата на шампионите.
Елиминација која значи неуспех, неостварена мисија на скапиот и фален тим кој не ја мина уште на првата препрека. И кога се случува таков неуспех и кога пред себе имаш „поправен“ и тоа сериозен со Рига од Летонија, најчесто се стегаат „уздите“, сите се затвараат во себе и мислат за предизвикот.
На времето се знаеше, а и сега важат тие правила. Сите дома до 23:00 часот, па спиење и одмор за утрешните обрски и спремни да се влезе во дуелот кој следи. Но, тоа правило не значи за новата ѕвезда на Вардар.
Герсон Родригес вчеравечер во доцните часови си уживаше во скопско Дебар маало, со скапа „флаша“ вино и со фудбал (го гледаше дуелот Франција – Англија), на својот мобилен. Фотографија која кажува се и фотографија која е доказ на сето она што се најавуваше уште пред Родригез да дојдево Скопје.
Непресметлив, брзо влегува во конфликт и ноќна птица а неспорно е дека е квалитетен играч кој поради лошиот однос е во Вардар а не во некој посериозен клуб. Сите карактеристики за брзо излегоа на површина.
Прашањето е дали и до кога тренерот Кристиан Фабиани им дава излез на играчите. Сигурно не преку полноќ… Ова е одличен пример за тоа колку им е гајле за елиминацијата од КуПС и како се подготвуваат играчите за дуелите со Рига.
















