Искусните Димо Димов и Ѓорѓи Стоилов и натаму ќе бидат дел до тимот на Билис Балш во Албанија. И покрај фактот што овој тим ќе се натпреварува во втората лига сепак, амбициите на клубот се експресно враќање во елитата.
Стоилов и Димов беа дел од овој тим и во изминатата сезона, а се работи за играчи кои имаат големо домашно, но и интернационално искуство.
Со нив заедно во овој клуб се приклучува и македонскиот младински репрезентативец Борјан Попоски.










