Капитенот на Франција, Килијан Мбапе отворено проговори по поразот од Англија (6:4) во мечот за третото место на Светското првенство.
„Триколорите“ загубија по катастрофалното прво полувреме во кое примија четири гола, но подоцна покажаа сосема поинакво лице и постигнаа четири гола.
„Мислам дека имаше два различни периоди. Кога станува збор за првиот, можам да разберам зошто некои мислат дека тоа беше шега и дека не го почитувавме дресот“, изјави Мбапе.
Францускиот напаѓач се обиде да објасни зошто неговиот тим изгледал целосно незаинтересирано во првите 45 минути.
„Лично, би рекол дека бевме луѓе, и за жал, не можеме да си дозволиме да бидеме луѓе. Бевме целосно изненадени, а Англичаните навистина не разбудија“.
Во вториот дел Франција преку Мбапе, Бредли Баркола и Усман Дембеле успеа да го ублажи поразот.
„Во вториот период повторно станавме играчи на највисоко ниво, ментални машини без емоции. Успеавме да го добиеме тој дел од играта“, додаде Мбапе.
Поразот беше особено тежок за Французите бидејќи ова беше последен натпревар на Дидие Дешамп на клупата на националниот тим.
„Сепак, не го добивме натпреварот и тоа е голема штета за тренерот. Сакавме да направиме нешто за него, а првото полувреме остави впечаток дека го разочаравме, иако тоа не беше сликата што сакавме да ја оставиме“.
На крајот, Мбапе му се заблагодари на Дешамп за се што направил за францускиот фудбал во текот на 14 години.
„Сакаме да му се заблагодариме за се што направи. Овој натпревар нема да ја оцрни легендата на Дидие Дешамп“, заврши Мбапе.










