Легендарниот германски репрезентативец и некогашен играч на Баерн Минхен и Реал Мадрид, Тони Крос во својата емисија која што ја води заедно со својот брат Феликс, даде свое мислење околу вечерашното финале од Мундијалот, помеѓу Шпанија и Франција.
Тој смета дека Шпанија е супериорна и дека доколку „Фуријата“ прва постигне гол, дека на Аргентина лошо и се пишува. Крос вели дека Шпанија знае и тоа како да казни, и дека едноставно противниците ги „меле“.
„Ако тим како Шпанија може да ја игра својата игра додека води, не би сакале да се соочите со нив. Ако Шпанија поведе со 1-0, заборавете на се, ќе постигнат три или четири гола. Аргентина нема да најде решенија.Ќе проба да излезе високо, а тоа ќе е погубно“ – убеден е поранешниот играч на Реал Мадрид. Сепак, и покрај ова фаворизирање во корист на Шпанците, додава дека се е можно кога го имаш Меси во сосатвот.










