Во четврток (23 јули) Шкендија ќе го одигра својот прв натпревар од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Познато е дека ривал во овој двомеч е Браво од Словенија. Првиот меч се игра во Љубљана на стадионот „Стожице“ каде што игра Олимпија и селекцијата на Словенија. Почетокот е закажан за 20.45 часот.
Познати се и судиите за овој прв меч во Љубљана, тие се од Финска.
За главен делител на правдата одреден е Џони Хитиа, додека негови помошници се Вели – Мати Лепанен, Јусо Мантере и Денис Антамо.
Реваншот се игра на 30 јули во Скопје на Арената “Тодор Проески“ со почеток од 20 часот. Дополнително ќе бидат одредени судиите за овој реванш натпревар.
Шкендија утре ќе го дознае и можниот ривал за третата квалификациска фаза во Лигата на Конференции.
Ждрепката е во Нион од 14 часот, а тетовци и сега ќе бидат носители.










