Агрон Руфати е нов играч на Приштина

173

Некогашниот македонски младински репрезентативец, Агрон Руфати е нов играч на екипата на Приштина од Косово.

Стоперот се одлучи да се пресели кај нашиот сосед по епизодата во Словенија, во екипа која што изминатата сезона, а и следнава има доста високи амбиции.

Руфати имаше статус на У21 репрезентативец на Македонија, и има доста искуство на интернационална сцена.

Своевремено беше дел од младинската школа на Динамо Загреб, за да потоа има настапи и за Локомотива, Истра, Зорја во Украина, Динамо Сити во Албанија, Брера во Македонија,Академика во Романија…

Руфати веќе се приклучува на остатокот од тимот на подготовките во Турција.

Во Приштина секако е и нашиот Марио Илиевски кој што набргу ќе се врати на терените по повредата на тетивата.

ПретходноХаос пред финалето на СП: Километарски редици пред стадионот, чекање со часови (ВИДЕО)
СледноСП финале: Ова се стартните состави на Шпанија и Аргентина!(ВИДЕО)