Димов и Стоилов ќе продолжат во Билис Балш

283

Искусните Димо Димов и Ѓорѓи Стоилов и натаму ќе бидат дел до тимот на Билис Балш во Албанија. И покрај фактот што овој тим ќе се натпреварува во втората лига сепак, амбициите на клубот се експресно враќање во елитата.

Стоилов и Димов беа дел од овој тим и во изминатата сезона, а се работи за играчи кои имаат големо домашно, но и интернационално искуство.

Со нив заедно во овој клуб се приклучува и македонскиот младински репрезентативец Борјан Попоски.

 

ПретходноНа една недела до стартот на првенството: Башкими со нов тренер денеска ги започна подготовките!
СледноХаос пред финалето на СП: Километарски редици пред стадионот, чекање со часови (ВИДЕО)