Пријателска: Скопје со победа против Арсими

333

Попладнево на стадионот на Автокоманда се одигра пријателски меч, во кој Скопје успеа да го победи Арсими со 2:1. Стрелци на головите за победничкиот состав беа Цветковски и Капланај, а за поразениот состав стрелец беше Глигоров.

Ова за двајцата тренери, Муарем и Салиу, беше уште една добра можност да ја проверат моменталната форма на своите фудбалери.

Познато е дека сезоната 2026/27 во ПМФЛ стартува претстојниот викенд.

Скопје и гостува на Шкендија, додека Арсими се среќава со Тиквеш во Кавадарци.

ПретходноАргентинците со свое шоу и последната порака на Јамал пред финалето!(ФОТО)
СледноЈамал урива рекорди уште пред да започне финалето!