Македонскиот второлигаш Македонија ЃП ќе мора да најде нов тренер. Боби Божиновски од денеска не е повеќе предводник на ѓорчепетровци.
„Точно е дека повеќе не сум тренер на Македонија ЃП. Не успеавме да најдеме заеднички јазик со управата и решивме дека е најдобро да ја завршиме соработката. Им посакувам на сите во клубот с енајдобро и упешно преставување во второлигашката конкуреција“, изјави за „СпортСпорт“, Божиновски.
Божиновски беше на клупата на „лавовите“ од октомври минатата година.










