Денеска во Нион во 14 часот ќе се одржи ждрепката за третата квалификациска рунда во Лигата на Конференции. По елиминацијата на Силекс на стартот од Динамо Минск, Македонија остана со два претставника и тоа Вардар и Шкендија.
Инаку УЕФА вообичаено утринава на денот на ждрепката го скрати списокот.
Вардар е во „шампионскиот пат“ и ако ја мине Рига во 2.квалификациско коло, тогаш во третата рунда може да се падне со следните ривали…
Интер Ескалдес (Андора) или подобриот од дуелот Атерт Бисен (Луксембург) – ЕТО Ѓер (Унгарија).

На Шкендија, која е носител и во ова трето коло и ако успее да го мине Браво од Словенија, во втората рунда, тогаш може да и се падне…
Еден тим од победниците од дуелите Дебрецин (Унгарија) – Пјуник (Ерменија), Паиде (Естонија) – Зире (Азербејџан), Малишева (Косово) – Хибернијан (Шкотска), Хамарби (Шведска) – Андерлехт (Белгија), Стјарнан (Исланд) – Тампере (Финска)

Инаку натпреварите од ова 3.квалификациско коло од Лигата на Конференции се закажани за 6 и 13 август.










