Стаменковиќ потпиша за РК Бутел!(ФОТО)

157

РК Бутел има ново име во своите редови. Имено Кристијан Стаменковиќ во наредните две сезони ќе го носи дресот на членот на ракометната Суперлига на Македонија.

Стаменковиќ доаѓа од редовите на шампионот Вардар каде мина две сезони по трансферот од Голден Арт, каде беше меѓу најдобрите стрелци. 21-годишниот десен бек настапуваше за кадетската и младинската репрезентација на Македонија.

Од Вардар во РК Бутел доаѓа со освоена двојна круна и повторно ќе има можност да соработува со тренерот Стојанче Стоилов, кој од ова лето ќе ја води екипата на РК Бутел.

ПретходноНеверојатно: Трансферот на Салах во Бешикташ пропаѓа поради агентот!
СледноМЗТ Скопје потврди: Василевски повторно во сино – белото јато!(ФОТО)