Ждрепката одржана на Собранието на АБА лигата ги одреди составите на групите за сезоната 2026/27, во која регионалното натпреварување за првпат ќе има 20 учесници. Новата сезона ќе се игра според модифициран систем, со две групи од по десет клуба. По првата фаза, ќе следи втора групна фаза, по што ќе се игра плеј-оф.
Дубаи ќе ја брани титулата освоена минатата сезона.
ГРУПА А: Црвена звезда, Будуќност, Цедевита Олимпија, Цибона, Игокеа, ФМП, Борац Чачак, Крка, Широки и Братислава.
ГРУПА Б: Дубаи, Партизан, Клуж, Студентски центар, Задар, Спартак Суботица, Босна, Мега, Илирија и Виена.










