Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да го мине првото коло на Челинџерот во Палермо. Во првиот дуел денеска, тетовчанката во два сета беше поразена од Русинката Андреева со 6:2, 6:0.
215. светска тенисерка очигледно подобро се снајде во првиот меч на турнирот и не и дозволи на квалификантката од Вимблдон да дојде до второто коло.
Ѓорческа минатата недела во Рим исто такауште на стартот беше поразена.










