Феран Торес ја расплака Аргентина: Шпанија е нов СВЕТСКИ ПРВАК!(ВИДЕО)

553
ФОТО:x.com/fifaworldcup_es

Шпанија – Аргентина 1:0 и “Фуријата“ сега е светски првак, покрај тоа што е и европски првак. Феран Торес во 106.минута со гол во второто продолжение ја донесе титулата. Во финале кое брзо ќе се заборави, Шпанија беше подобра на “МетЛајв“ стадионот во Њу Џерси, имаше неколку шанси, два поништени гола.

Апсолутно заслужено. Аргентина просто разочара, Меси не се ни виде на теренот, па така “Гаучосите“ и ја предадоа титулата на страшната „Фурија“.

Очекувано мирен почеток на финалето. Првите минути минаа во испитување на силите, за да Шпанија ја презеде иницијативата, имаше посед и доминација, а првата закана дојде преку Јамал во 5.минута, но тој удар беше блокиран а одбрани и Мартинез.

На втората шанса во ова финале чекавме дури до 39.минута кога Ојарзабал шутираше, а Мартинез одбрани.

Се играше 43.минута кога Кукуреља опасно се закани, но топката мина за малку покрај левиот дирек на Мартинез.

Тенко, разочарувачко прво полувреме и 0:0 на “МетЛајв“ во Њу Џерси.

Во второто полувреме иста слика на теренот, Скалони направи неколку измени, се повреди и Лисандро Мартинез, и дефинитивно Аргентина беше во проблеми.

На теренот ништо ново, “Фуријата“ доминираше, наметна свој стил, но и играше без некој ризик. Меси и другарите строго во дефанзива.

И дефинитивно ова финале не е тоа што фудбалскиот свет го очекуваше. Шпанија, а посебно Аргентина не го прикажуваат тоа што го знаат и можат.

На ред дојде и потегот на Де Ла Фуенте. Феран Торез и Педри влегоа во игра на местото на Ојарзабал и Руиз.

Се играше 64.минута кога Олмо шутираше, а Мартинез ја одби таа топка, несигурна интервенција на голманот на Аргентина. Три минути подоцна Феран Торез имаше голема, голема шанса, но Мартинез сега беше перфектен во отстранување на опасноста.

Па така резултатот по 68.минута, кога се замина на пауза за освежување и натаму беше 0:0.

А “Фуријата“ и натаму притискаше, и Кубарси се закани, но Мартинез и сега одбрани. Во 81.минута Лапорт шутираше опасно, но и сега голманот на “Гаучосите“ брани.

Во 90+3.минута Аргентина остана со играч помалку откако Енцо Фернандез доби втор жолт, односно црвен картон.

Малку недостигаше Јамал во 90+8.минута од слободен удар да и донесе титула на Шпанија, ама и сега Мартинез одбрани, па така ова финале отиде во продолженија 2Х15 минути.

И тогаш во таа 106.минута, или првата од второто продолжение Феран Торес стрела за 1:0, конечно, за водство. Тука ни Мартинез не можеше ништо да стори.

Тоа е тоа.

Шпанија е нов светски првак.

ПретходноШпанија – Аргентина 0:0! Финалето оди во продолженија, а можеби ќе има и пенали
СледноАргентина се избламира на последниот меч на Меси за репрезентацијата! (ВИДЕО)