Екипата на РК Вардар го закажа стартот на подготовките во новата сезона во која ќе настапува во Лигата на шампиони. Предводникот на „црвено-црните“ прозивката ја закажа на 27 јули во салата „Расадник“ која ќе биде новиот дом на актуелниот првак.
Во агедната на Вардар се подготовки во Маврово, меѓународниот турнир во Струга, охридски турнир и два меча од регионална лига.
Вардар во Лигата на шампиони доби силна група: Мелсунген, Висла и Нант.










