Ја мине ли Рига, Вардар оди на победникот од Атерт Бисен – Ето Гер

367

Македонскиот шампион Вардар, го има пред себе предизвикот наречен Рига од Летонија. Тоа е противникот на „црвено – црните“ во второто квалификациско коло од Лигата на Конференциите. Првиот дуел е закажан за в среда на Арената Тодор Проески во Скопје од 20:00 часот, а реваншот е една недела подоцна на гости.

Ждрепката пак која што денеска се одржа во УЕФА вели следново. Дека доколку Вардар го мине овој ривал, односно ја победи Рига во двомечот, налетува на за нас непознати противници.

Поточно, ќе се сретне со победникот од дуелот помеѓу Атерт Бисен од Луксембург и екипата на Ето Гер од Унгарија.

Мечевите се закажани за 6 односно 13 август, и се секако дел од третото квалификациско коло од Лигата на Конференциите.

 

ПретходноТрагедија во Шпанија: Почина дете за време на прославата!
СледноШкендија со елиминација на Браво оди во Косово или Шкотска