РК Бутел има ново име во своите редови. Имено Кристијан Стаменковиќ во наредните две сезони ќе го носи дресот на членот на ракометната Суперлига на Македонија.
Стаменковиќ доаѓа од редовите на шампионот Вардар каде мина две сезони по трансферот од Голден Арт, каде беше меѓу најдобрите стрелци. 21-годишниот десен бек настапуваше за кадетската и младинската репрезентација на Македонија.
Од Вардар во РК Бутел доаѓа со освоена двојна круна и повторно ќе има можност да соработува со тренерот Стојанче Стоилов, кој од ова лето ќе ја води екипата на РК Бутел.










