Адриан Гула: Свесни сме кој е Вардар, низ анализите секако дека увидовме слабости

101

Актуелниот македонски фудбалски шампион, тимот на Вардар, утре со почеток од  20:00 часот на Арената Тодор Проески во Скопје, ќе го одигра првиот меч од двата против тимот на Рига од Летонија, кој што секако се игра во рамките од второто коло од квалификациите за Конференциската лига.

Гостите од Летонија со чартер лет денеска пристигнаа во Скопје, и по официјалната прес конференција ќе го одработат и официјалниот тренинг.

На пресот пак тренерот на Рига, Адриан Гула го даде своето мислење за утрешниот меч и гостувањето кај македонскиот шампион.

„Секако дека сме подготвени. Свесни сме дека европскиот пат продолжува. Свесни се момците дека не се игра секој ден во Европа, и дека секој ваков меч мора да се оспоќитува да се одигра на највисоко ниво. Наша цел, сон е да играме во групната фаза. Се работи за голем стадион, типичен за вакви држави, со атлетска стаза. Нам не ни е важен стадионот, теренот, се е во најдобар ред. Ќе имаме секако повеќе информации за теренот по тренингот, но не би требало да биде нешто спектакуларно„ – рече трнеерот на Рига, па додаде.

„Секако дека го анализиравме противникот. Имавме само три четири дена за подготовка затоа што игравме и домашно првенство. Скениравме каков е нивниот стил, со каква тактика се користи. Некои детали секако дека ги воочивме кои се нормално. Вардар и Шкендија се големи клубови. Свесни сме за она што не очекува“ – додаде Гула.

 

ПретходноДефанзивецот на Наполи ќе паузира околу три месеци
СледноКристијан Стојкоски се пресели во Штип