Светислав Пешиќ доаѓа во Скопје како главен предавач на задолжителната тренерска клиника

193

Еден од најтрофејните и највлијателни европски кошаркарски стручњаци, Светислав Пешиќ, доаѓа во Скопје на покана на Кошаркарската федерација на Македонија во рамките на годинашната задолжителна тренерска клиника која ќе се одржи на 24 и 25 август во Скопје.

Пешиќ ќе биде главен предавач, како тренер чија кариера повеќе од четири децении претставува синоним за врвни резултати, лидерство и кошаркарско знаење. Член на Куќата на славните на ФИБА, европски и светски шампион со репрезентации, освојувач на титулата во Евролигата и еден од најпочитуваните тренерски авторитети во светската кошарка, Пешиќ своето богато искуство ќе го пренесе на македонските тренери преку дводневна стручна едукација.

Клиниката е наменета за сите македонски кошаркарски тренери, а присуството е задолжително, бидејќи претставува еден од основните услови за добивање тренерска лиценца за натпреварувачката сезона 2026/27.

ПретходноШтип УГД со репрезентативно засилување: Љафтов продолжува во дресот на шампионот
СледноМеси е најфаулираниот фудбалер на Мундијалот