Андреј Маслинко останува во МЗТ Скопје!

174

Репрезентативецот Андреј Маслинко (29 год, 208 см) и во следната сезона ќе го носи дресот на МЗТ Скопје, откако ја продолжи соработката со македонскиот шампион за уште една година.

За крилниот центар ова ќе биде седма сезона во тимот од Аеродром, каде што првпат пристигна во 2017 година. Во сино-белиот дрес досега освои три шампионски титули (2019, 2025 и 2026), како и три трофеи во Купот на Македонија (2018, 2025 и 2026), додека во својата кариера има вкупно четири куп-пехари.
„Очекувањата се Маслинко максимално подготвен да ја дочека новата сезона, без било какви здравствени проблеми и да биде еден од лидерите на тимот во битката за одбрана на домашните трофеи, како и за што подобар настап во ФИБА Еврокупот и АБА2 лигата“, велат од МЗТ Скопје.

Претходно соработката ја продолжија Дамјан и Војдан Стојановски, клубот ги ангажира Лука Стојановски и Никола Василевски и босанскиот интернационалец Емир Крајиниќ, а под договор останува и Андреј Андоноски.

ПретходноХаланд донесе одлука за својата иднина
СледноРига со чартер пристигна во Скопје!