Мало изненадување или не за сите во експедицијата на Шкендија попладнево кога пристигнаа во хотелот во Љубљана. Таму ги пречека Илија Несторовски, кој беше со својот Славен Белупо во пресрет на пријателскиот дуел со Шајтхар.
Јасно е дека Нестор и посака среќа на Шкендија на дуелот со Браво, четврток од 20.45 а имаше и неколкуминутен срдечен разговор со својот голем пријател Бесарт Ибраими, некогашен соиграч од репрезентацијата на Македонија.
И кога ќе се сретнат двајца “бомбардери“, тогаш јасно е дека головите беа во преден план на тој разговор.













