Дарко Велковски не игра со Рига, Матиќ со „бандаж“ на раката

416

Не е наивна повредата на Дарко Велковски кој е под посебен режим по дуелот со КуПС во Финска каде искусниот стопер се здобил со истегнување на мускулот на десната нога. Репрезентативниот дефабзивец нема да игра на утрешниот меч со Рига во Скопје во второто квалификациско коло од Конференциската лига. Искусниот стопер во овие моменти му е повеќе од потребен на тренерот Кристиан Фабиани кој по елиминацијата во Лигата на шампионите сега има поправен испит.

Поради повреда за Вардар барем уште неколку недели ќе биде и аргентинецот Торес додека со повреда уште од подготовките во Италија е столбот во одбраната Мислав Матиќ. Тој игра со скршеница но со посебен бандаж доби дозвола да настапи на дуелите со КуПС.

Дуелите со Рига се шанса  првакот на Македонија да го обели својот образ и да докаже дека со право ја претставува нашата земја во натпреварувањата од УЕФА. Противникот од Летонија е исто така сериозен клуб но и тој е тим за кого ова е поправен испит со оглед на тоа дека и Рига е елиминирана од квалификациските кола од Лигата на шампионите и тоа од ерменскиот Арарат.

Вардар утре на својот 79. Роденден игра со летонската Рига во Скопје од 20 часот. Прв дуел од второто квалификациско коло од Конференциската лига.

ПретходноШпанците предизвикале земјотрес со прославата на шампионскиот гол!
СледноСе чека само потпис: Модриќ и следната сезона „црвено-црн“