Ако повредите на Дарко Велковски. Мислав Матиќ и Торес не беа доволни како проблем за ФК Вардар пред утрешниот дуел во второто коло од квалификациите за Лигата на Конференции, денеска од таборот на „црвено – црните“ има нов момент.
Искусниот Бобан Николов има болки во коленото, и неговиот настап на утрешниот дуел против тимот на Рига од Летонија на домашен терен е крајно не извесен. Според информациите, истегнат е колатералниот лигамент на неговото колено.
Нашиот шампион утре на Арената од 20:00 часот го игра третиот европски меч ова лето. По двомечот со фински КуПС и испаѓањето на Вардар од квалификациите за Лигата на Шампионите, овојпат во нашиот главен град простигнува еден од најдбрите тимови од Летонија.
Кого очигледно Вардар ќе го пречека некомплетен со оглед на повредите кои што го погодуваат во моментов составот на тренерот Кристијан Фабиани.
Николов во изминатите месеци има полна минутажа и во огромен дел од случајите е стартер, но утре Вардар најверојатно ќе мора да се справи со противникот без македонскиот репрезентативец на терен.










