Екипата на Кожув уште еднаш испрати порака дека во следната сезона ќе има промени кои ветуваат дека нивото на квалитет ќе биде подигнато. Гевгеличани мислат и на младите генерации, па за таа цел го ангажираа Перо Блажевски.
„КК „Кожув“ со особено задоволство го претставува Перо Блажевски како нов младински координатор и тренер на младинската школа.
Со своето искуство, знаење и посветеност, Блажевски ќе има значајна улога во развојот на младинските категории. Во тек е изработка на долгорочен план, насочен кон унапредување на квалитетот на работата со младите, зголемување на бројот на деца во школата и создавање услови за нивен правилен спортски и личен развој.
Добредојде во семејството на КК „Кожув“, Перо! Заедно ја градиме иднината на клубот“, се вели во соопштението на КК Кожув.










