Следниот викенд ПМФЛ програма: Вардар и Струга ТЛ домаќини во сабота, Шкендија ќе игра на ФФМ

379

Во пресрет на почетокот на новата ПМФЛ сезона, се дефинираат термините и саатниците на мечевите кои што се дел од првото коло.

Првенството почнува со дуелот Тиквеш – Арсими кој што се игра в петок со почеток во 17:00 часот.

Шампионот Вардар, ќе ја стартува новата сезона на домашен терен в сабота на Арената Тодор Проески и дуелот со Брегалница кој што е закажан за 17:00 часот.

Во истиот термин во Струга, Трим Лум ќе го пречека новитетот во ПМФЛ, тимот на Шкендија Арачиново.

Од друга страна пак, тимот на Шкендија како домаќин во првото коло во недела ќе го пречека тимот на Скопје, но на комплексот Петар Милошевски во Скопје. Тој дуел стартува од 19:00 часот. Исто во недела се игра мечот во Кратово меѓу Силекс и Башкими од 17 часот.

 

ПретходноПред два милиони фанови Шпанецот пееше: Халанд се тресе кога ќе го види Кукуреља (ВИДЕО)
СледноШкендија полета за Словенија и дуелот со Браво