ЛШ и ЛК: ЕТО Ѓер веќе ги чека Вардар или Рига, Ц. Звезда убедлива во С.Ирска, Динамо Загреб со реми кај Тун!

90
ФОТО:.facebook.com/etofcgyor/

Вечерва се одиграа неколку натпревари, први од 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите и Лигата на Конференции.

Познато е дека во случај Вардар да ја мине Рига, тогаш во третата квалификациска рунда од ЛК ќе игра со подобриот од двомечот Бисен (Луксембург) – ЕТО Ѓер (Унгарија). Па така со оглед на тоа дека унгарскиот шампион уште на првата средба и тоа како гостин славеше со неверојатни 2:6, ако ја мине Рига тогаш Вардар ќе игра против тимот од Унгарија.

Кога сме кај ЛК, да кажеме дека Дрита предводена од нашиот стратег Зекирија Рамадани, одигра 1:1 на гостувањето кај Флориана на Малта.

Во С.Ирска, во првиот меч од 2.квалификациско коло во ЛШ, Црвена Звезда просто го разнесе домашниот состав на Ларне со 0:4 и покажа кој е кој во овој двомеч. “Македонецот“ Костов беше стрелец на еден гол.

Динамо Загреб на гостувањето во Швајцарија, кај довчерашниот тим на нашиот Елмин Растодер, одигра 1:1, па така и шампионот на Хрватска има големи шанси за пласман понатаму ако се знае дека реваншот се игра во Загреб.

ПретходноРеал не го сака најдобриот на СП: Бадијала му се титулите и “Златните топки“! И Олисе не доаѓа ова лето