Македонска работа: Ботаничка градина ли е, Арена ли е?!

333

И дефинитивно оваа држава, овој народ не ги бива за некои работи. Одамна знаеме дека со фудбалот тешко ни оди, со ретки исклучоци, ама одамна знаеме исто дека тоа што ќе го направиме, а секако дека изгледа убаво и модерно, не знаеме да го сочуваме, ниту знаеме да го одржуваме. А познато е дека треба одржување, така и Арената “Тодор Проески“ во Скопје, нашиот најголем и најрепрезентативен спортски објект, нашиот храм на фудбалот.

Замислете, како што видовме попладнево, а и фотографиравме како доказ, непосредно пред тренингот на Рига, нашата славна Арена наликува на Ботаничка градина, благо кажано. На неколку места се гледаат дрвца кои никнале меѓу столчињата, меѓу бетонските блокови.

Ова е голем срам за сите нас кои сме вака или онака во фудбалот, а најголем срам за државата и за тие кои се одговорни за овој спортски објект.

Замислете ова некаде да се случи во Европа или во некој друг дел од светот каков скандал би бил, а кај нас се си минува како да е нешто најнормално.

И на крајот како заклучок или прашање.

Ботаничка градина ли е, Арена ли е?

Типично МАКЕДОНСКА РАБОТА!

ПретходноЌосевски промовиран во Радник Бијелина!(ФОТО)
СледноРеал не го сака најдобриот на СП: Бадијала му се титулите и “Златните топки“! И Олисе не доаѓа ова лето