Одлична вест од Гевгелија: Перо Блажевски нов тренер и координатор на младинската школа

251

Екипата на Кожув уште еднаш испрати порака дека во следната сезона ќе има промени кои ветуваат дека нивото на квалитет ќе биде подигнато. Гевгеличани мислат и на младите генерации, па за таа цел го ангажираа Перо Блажевски.

„КК „Кожув“ со особено задоволство го претставува Перо Блажевски како нов младински координатор и тренер на младинската школа.

Со своето искуство, знаење и посветеност, Блажевски ќе има значајна улога во развојот на младинските категории. Во тек е изработка на долгорочен план, насочен кон унапредување на квалитетот на работата со младите, зголемување на бројот на деца во школата и создавање услови за нивен правилен спортски и личен развој.

Добредојде во семејството на КК „Кожув“, Перо! Заедно ја градиме иднината на клубот“, се вели во соопштението на КК Кожув. 

ПретходноМанчестер Јунајтед тргна по потписот на Ману Коне
СледноЗошто на социјалните мрежи одеднаш сите го „хејтаат“ Меси?