Ветеранот не може да најде клуб: Никој не го сака Расел Вестбрук

62

Иднината на Расел Вестбрук во НБА лигата е под голем знак прашалник. Речиси е крајот на јули, а легендарниот плејмејкер сè уште нема клуб. Вестбрук има 37 години и нема многу избор. Засега најчудно е што ниту еден клуб не го ни посака во своите редови.

Минатата сезона играше во Сакраменто Кингс, но франшизата од главниот град на Калифорнија не го сака назад. Како што објави аналитичарот Џејк Фишер, Вашингтон Визардс, за кои играше во сезоната 2020/21, исто така беа во игра за него, но засега нема ништо ново на тој план.

„Не сум слушнал ништо ново за Вестбрук освен дека Вашингтон Визардс беа заинтересирани за него пред почетокот на преодниот рок. Сепак, оттогаш Вашингтон го донесе Крис Мидлтон, па ја отфрлив можноста Вестбрук да се врати во главниот град на САД“, вели Фишер.

ПретходноТирана го потврди Бојан Илиевски
СледноМанчестер Сити ќе „лапне“ најмногу пари од настапот на своите играчи на Мундијалот