Герсон Родригес со медитација се подготвува за вечерашниот дуел

335

Интернационалецот од Луксембург во редовите на Вардар, Герсон Родригес очигледно е сериозно „колоритен“ лик. Ајде што откако пристигна во Скопје, со таа негова контроверзна биографија, портфолио и полициско досие, ајде што е активен ан социјалните мрежи секојдневно со скопските локали и ресторани каде што пробува најразлична храна и се навикнува на македонскиот стил на живот, очигледно дека има и специфичен начин на подготовка за мечевите.

Медитација или јога, што ли да е ова, Родригес преку својот инстаграм профил сподели фотографија на која тој е во позиција на медитирање, со порака дека вечерва мечот против Рига ќе биде вистинска битка за секој метар на теренот, и дека и тој и неговите соиграчи се подготвени за се што следува.

Да се надеваме дека медитацијата ќе делува позитивно врз Родригес и тој ќе биде главна фигура на теренот на Арената вечерва.

ПретходноМЗТ Скопје Аеродром го доби распоредот за мечевите во АБА 2 лигата за следната сезона
СледноТрумчи: Максимален пристап за позитивен ефект од мечот со Браво