Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа и официјално се најде на списокот на учеснички на последниот Гренд Слем турнир сезонава, популарниот УС Опен. Вера организаторите ги објавија комплетните листи на учесници и во машка и во женска конкуренција, а Ѓорческа се најде меѓу натпреварувачките кои ќе настапат и на овој престижен турнир.
Како и на Вимблдон, нашата тенисерка и во Њујорк своето место на главниот турнир ќе мора да го бара преку квалификациите. Таа во моментов е рангирана на 214. место на ВТА листата.
Ѓорческа минатиот месец успеа да мине три квалификациски кола и да се најде на главниот турнир на Вимблдон. Да се надеваме дека и овој пат ќе биде така.










