Полувреме на Арената: Вардар поведе, Рига направи пресврт и води со 1:2 (ВИДЕО)

272

Актуелниот шампион Вардар во моментов го игра првиот дуел од двомечот од квалификациите за Лигата на Конференции против тимот на Рига на Арената Тодор Проески во Скопје. И на полувреме има негатива од 1:2. Откако поведе со голот на Кастанеда, гостите веќе до паузата направија комплетен пресврт.

Рига и тоа како се закани во стартните петнаесет минути кога имаше три ситуации од кои едната беше стопроцентна. Најпрво Бадамоси упати еден удар, за да потоа Аоуани во 13 минута ја погоди гредата и за малку не ја доведе  Рига во водство. Черноморџис беше третиот кој се закани, и сатан јасно дека Вардар има проблем.

Бобан Николов се закани од слободен удар, а потоа Кастенада му носи огромно водство на домаќинот. Очигледната грешка на последната дефанзивна линија на Рига ја одведе топката на подалечниот дирек, а таму осамен Кастенада имаше време да ја прими топката да се намести да направи дриблинг и да реализира.

Пресврт во четири минути

Сепак, молку и да изгледаше ова водство на Вардар романтично, и убаво сепак траеше само неколку минути. Ударот на Гало требаше да биде лесен плен за до тој момент сигурниот Талески но голманот на Вардар во 35. минута прави катастрофална грешка и ја испушта млаката топка од раце, која што одседнува во голот.

Ако ова не беше доволно во 39. минута Јаго Сикуера ја реализира одличната акција од лево за водство на гостите на Арената.

 

 

Vardar 1-[1] Riga FC – Orlando Galo 35′
by
u/Meladroit10 in
soccer

Vardar 1-[1] Riga FC – Orlando Galo 35′
by
u/Meladroit10 in
soccer

Vardar 1-[2] Riga FC – Iago Siqueira 39′
by
u/Meladroit10 in
soccer

ПретходноЈамал и Халанд испишаа историја по Светското првенство, вредат повеќе од 200 милиони евра!
СледноТетовци подготвени за Браво: Шкендија го одработи официјалниот тренинг на Стожице (ФОТО)