Морган Роџерс и официјално е нов фудбалер на лондонски Челзи. Лондонскиот клуб го објави трансферот на 23-годишниот играч од средниот ред од Астон Вила. Страните потпишаа договор до 2033 година.
Претходно беше објавено дека договорот ќе биде вреден 117 милиони фунти, со што и официјално е урнат рекордот за најскап англиски фудбалер во историјата на Премиер лигата.
Минатата сезона, Морган одигра 37 натпревари во Премиер лигата, постигнувајќи 10 гола и имајќи шест асистенции.










