Фоден уште долго во Манчестер Сити

159

Фил Фоден потпиша нов четиригодишен договор со тимот на Манчестер Сити со што се обврзува на соработка минимум до 2030 година.

Еден од најдобрите англиски фудбалери во псоледната декада имаше договор на уште една година но се одлучи да не чека и да потпише нов со што ја осигурува иднината што се вели.

Иако во последно време тој и немаше статус на првотимец со сигурност, кај Пеп Гвардиола сепак, тој и натаму е еден од лидерите на тимот.

Се поврзуваше со евентуален трансфер во Барселона, Милан или пак Галатасарај но сето тоа е сега минато.

 

ПретходноИталија во офанзива: Гвардиола во преговори да ги преземе „Азурите“
СледноКузманоски: Максимално сме подготвени! Групата е најтешка, одиме без страв против сите!