Вардар со нов пораз во Европа…далеку е Рига и не се „стига“….

506

Вардаровата европска приказна добива уште една тажна епизода. Вечерва на Арената Тодор Проески во Скопје, шампионот загуби од тимот на Рига со 2:3, во рамките од второто квалификациско коло од Лигата на Конференции.

Она што требаше да биде убава вечер, затоа што Вардар и поведе на овој дуел, се претвори во повторно лекација за нашиот претставник овој пат од екипа која што доаѓа од Летонија. Рига вечерва се враќаше од негатива, од израмнување од сите можни варијанти, и на крајот победи. Заслужено…

Радост, која што кратко траеше

Самиот меч започна со стартна иницијатива на гостите кои што знаеа што прават особено во навалните редови. Три брзи шанси преку, Бадамоси, Аоуани кој што ја погоди гредата како и Черноморџис дадоа до знаење дека гостите се дојдени да завршат задача уште во Скопје.

Бобан Николов ја разбива таа монотонија на теренот на Арената, со ударот од слободен удар, за да потоа следува главниот момент за домашните во овој дел.

Очигледната грешка на одбраната на Рига создаде идеална шанса за Вардар поточно за Кастенада. Кој што осамен прими една топка на таа своја лева страна и имаше време да се намести, да направи дриблниг, да шутира, и да погоди за водство. Ерупција од воодушевување од малубројната публика на трибините.

Сепак, идеалната ситуација за Вардар траеше само неколку минути. Кастенада погоди во 28., за да Рига израмни во 35. Гало упати очаен удар кон голот на Талески, но, голманот на Вардар несфатливо прави огромен кикс, и наместо мирно прифаќање на топката, ја испушти од раце, а таа влезе во голот.

Не беше Вардар освестен од овој лош момент, а веќе имаше и негатива. Одлична акција по лево, топката на петерец ја дочекува Јаго Сигуеира, кој забива во мрежата на Вардар за 1:2.

Сигуеира промаши зицер, Талески се „извади“ за грешката

Второто полувреме што се однесува до интересните моменти стартуваше во 59. Минута. Сигуеира промаши фантастична шанса. Одлично беше проигран од лево на петерецот, но овојпат Давор Талески фантастично брани и спасува нов гол на Рига.

На спротивната страна, измените Босанчиќ и Закариќ уште во првата минута откако влегоа обезбедија ситуации пред противничкиот гол. Во истата Герсон Родригес биеше силно, но Оролс спасува чист гол. Од корнерот за малку Закариќ не ја заврте топката во мрежа.

Родригес изедначува на асистенција на Закариќ

Во 66. Минута Вардар дојде до тоа толку посакуваното израмнување. Закариќ кој што се покажа како екстра измена, прекрасно со лева нафрли ниско на вториот дирек. А таму Герсон Родригес дочека и ја „поклопи“ топката која што влезе во мрежата на Рига.

Следуваше уште еден обид овопјат на асистентот Закариќ но истиот одеше по средината на голот.

Огромна шанса за Вардар во 74. Минута повторно по иницијацива на Закариќ. Тој му асистира на Јанкулов, а овој по центаршутот на пеналтикот создаде идеална шанса, за Омерагиќ, а зад него и за Маневски. Левиот бек на Вардар сепак, не успеа да ја „чепне“ барем минимално топката за да таа влезе во голот на Рига.

Сигуеира за ново водство на гостите

Во моментите кога Вардар имаше ама тотална контрола на случувањата на теренот, имаше ситуации во кои лесно можеше да дојде до водство, дојде нов шок.

Грешка на средината на теренот, длабочинска топка по лево, а од таму, одлична асистенција на пеналтикот за Сигуеира кој што реализира рутински за 2:3, и ново водство на гостите.

Штета, во тие моменти Вардар можеше да стигне и до водство, а имаше веќе реми во „џебот“….

Вардар – Рига 2:3 (1:2)

Арена Тодор Проески во Скопје

Гледачи: 2500

Главен судија: Филип Фаругиа (Малта)

Стрелци: Кастенада 28, Родригес 66 (В) Гало 35, Сигуера 39, 81,(Р)

Вардар: Талески, Маневски, Матиќ, Најдовски, Јанкулов, Николов (Босанчиќ 59), Бабунски, Пиреш (Закариќ 59), Кастенада, Родригес, Омерагиќ

Рига: Оролс, Гало, Сигуеира, Јурковскис, Салазар, Оулад, Бадамоси, Муса, Черномирџис, Анкра

Vardar 2-[3] Riga FC – Reginaldo Ramires 81′
by
u/Meladroit10 in
soccer

Vardar [2]-2 Riga FC – Gerson Rodrigues 66′
by
u/Meladroit10 in
soccer


ПретходноИзрешетан автобус со аргентински навивачи: Еден фан е застрелан во раката (ВИДЕО)
СледноМЗТ Скопје го доби возниот ред во АБА2-лига