Интернационалецот од Луксембург во редовите на Вардар, Герсон Родригес очигледно е сериозно „колоритен“ лик. Ајде што откако пристигна во Скопје, со таа негова контроверзна биографија, портфолио и полициско досие, ајде што е активен ан социјалните мрежи секојдневно со скопските локали и ресторани каде што пробува најразлична храна и се навикнува на македонскиот стил на живот, очигледно дека има и специфичен начин на подготовка за мечевите.
Медитација или јога, што ли да е ова, Родригес преку својот инстаграм профил сподели фотографија на која тој е во позиција на медитирање, со порака дека вечерва мечот против Рига ќе биде вистинска битка за секој метар на теренот, и дека и тој и неговите соиграчи се подготвени за се што следува.
Да се надеваме дека медитацијата ќе делува позитивно врз Родригес и тој ќе биде главна фигура на теренот на Арената вечерва.











