Пораз на Скопје на квалификацискиот турнир за ЛШ

89

Македонскиот фудбалски првак во женска конкуренција, тимот на Скопје е поразен во полуфиналето од квалификацискиот турнир кој што се одржува во Полска.

Нашите фудбалерки претпладнево се поразени од шампионот на Ирска, тимот на Алтхоне со конечни 4:0.

Дефанзивата издржа само 19. минути кога беше постигнат првиот гол, за да пред полувреме веќе биде 2:0. Во вториот дел ирките постигнаа уште два.

Сега, распоредот вели дека Скопје ќе игра за третото место во групата со поразениот од мечот Чарни Сосновиец тим кој што е домаќин на турнирот со тимот на Лусо од Грузија.

Само победникот на групата оди понатаму.

 

ПретходноНиколов сепак во комбинација за вечерашниот дуел против Рига
СледноВеличковски се пресели во Албанија : Одличен избор на клуб, со многу амбиции и квалитет