Роденденска прослава со горчлив вкус (ФОТО)

174

Вардар не успеа да ги израдува своите фанови и да дојде до победа на домашен терен против Рига во меч од второто квалификациско коло во Конференциската лига. „Црвено-црните“ беа поразени на Национална Арена „Тодор Проески“ со 2-3 и со тоа си ја отежнаа својата задача пред реваншот на гостински терен.

Поразот доаѓа токму на денот кога Вардар одблежува 79 години од своето постоење, па роденската прослава беше со горчлив вкус. Згора на ова, повторно на трибините бројката не беше според очекувањата и тоа на овој голем ден и европски меч.

Останува македонскиот првак да се подготви за реваншот и таму да се обиде да дојде до резултат кој ќе значи продолжување на европската авантура, во спротивно враќањето на големата сцена ќе остане само една бледа епизода.

ПретходноФабијани: Одигравме одличен меч, грешките не чинат подобар резултат