Адриан Гула: Важна победа за нас, која што не гарантира ништо затоа што има меч и во Рига

168

Летонска Рига победнички си заминува од Скопје. Противникот на Вардар во второто коло од квалификациите за Конференциската лига, со конечни 2:3, стекна сериозна предност во овој двомеч, по што сега на нашиот шампион ќе му биде ѓаволски тешко да се справи со ситуацијата за една недела на гостински терен.

Рига денеска покажа како се игра во Европа. Постигна три гола, создаде шанси за уште минимум толку. Вардар пак иако поведе во продолжението на мечот ги покажа сите аномалии во својата игра, однесување и начин на функционирање по сите основи.

„Многу важна гостинска победа за нас. Иако примивме гол рано, нашата реакција беше одлична на тоа водство на противникот. Вардар одигра добро во вториот дел, но ние ете успеавме да го постигнеме тој трет гол, што е многу важен за овој двомеч. Ова е само прв меч и има втор меч во Сконто. Благодарност голема до нашите нашите навивачи кои што не поддржуваа тука. Мислам дека ги анализиравме добро. Но пред се добро реагиравме на ситуацијата на теренот. Знаевме по што е силен Вардар, со тие нафрлувања од страна. Очекував ваков меч. Не можевме да го предвидиме резултатот, и затоа во вториот дел игравме со три дефанзивци. Знаеме што се случи во КуПС, и ќе се потрудиме да не ја повториме таа грешка“ – изјави тренерот на Рига по мечот во Скопје, Адриан Гула.

ПретходноМЗТ Скопје го доби возниот ред во АБА2-лига
СледноФабијани: Одигравме одличен меч, грешките не чинат подобар резултат