Алкалоид стартуваше со подготовките: Живко Мукаетов им посака успех на ракометарите (ФОТО)

104

Алкалоид стартуваше со подготовките за новата сезона. На првиот собир, ракометарите ги поздрави Живко Мукаетов, Генерален директор и Претседател на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје и им посака пред сѐ здравје и успех во новата сезона.

Во новата сезона РК Алкалоид ќе се натпреварува на четири фронта. Покрај домашното првенство и Купот на Македонија, ќе игра и во новоформираната Регионална лига со екипи од Србија и од Црна Гора, а на меѓународната сцена ќе игра и во ЕХФ Европскиот Куп каде што беше победник во сезоната 2024/25.

Подготовките на РК Алкалоид ќе се одвиваат во три дела. Првиот дел е воведниот во тренажниот процес и ќе се реализира во Скопје. Потоа од трети август екипата ќе замине на подготовки во Маврово, по што во последната фаза, подготовките ќе бидат финализирани со контролни натпревари.

ПретходноТетовци подготвени за Браво: Шкендија го одработи официјалниот тренинг на Стожице (ФОТО)
СледноИзрешетан автобус со аргентински навивачи: Еден фан е застрелан во раката (ВИДЕО)