Без никакви најави и без речиси никакви информации, првакот на Македонија во женски фудбал за неколку минути го има својот настап во квалификациите од Лигата на шампионките на УЕФА.
ЖФК Скопје 2014 година од 11 часот во Полска ќе игра против првакот на Република Ирска. Алтоне е екипата која на стадионот во Сосновец ќе ги одмери силите со Скопје, екипа која во трензична сезона успеа да го симне Љуботен од тронот во шампионатот на Македонија. Па така ако го симнаа Љуботен дома, сега очекуваме да бидат и подобри од нив во настапите под капата на УЕФА.
Лани екипата од Тетово ја мина првата фаза од квалификациите со победите над Рунавик и Пјуник. ЖФК Скопје 2014 со победата над денешниот ривал Алтоне (лани не ја минале првата фаза), ќе ги одмери силите со подобриот од Царни Сосновец (домаќини на групата) и Лусо кој е првак на Грузија. Чекаме добар резултат од Полска!










