Лина влезе во списокот на учесници, ќе настапи и на УС Опен

600

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа и официјално се најде на списокот на учеснички на последниот Гренд Слем турнир сезонава, популарниот УС Опен. Вера организаторите ги објавија комплетните листи на учесници и во машка и во женска конкуренција, а Ѓорческа се најде меѓу натпреварувачките кои ќе настапат и на овој престижен турнир.

Како и на Вимблдон, нашата тенисерка и во Њујорк своето место на главниот турнир ќе мора да го бара преку квалификациите. Таа во моментов е рангирана на 214. место на ВТА листата.

Ѓорческа минатиот месец успеа да мине три квалификациски кола и да се најде на главниот турнир на Вимблдон. Да се надеваме дека и овој пат ќе биде така.

ПретходноДенеска во ЛШ на УЕФА игра и првакот ФК Скопје 2014
СледноСе тепаше со пола репрезентација на Шпанија, а ФИФА му го избришала црвениот картон