Миленкоски на 5 август во Крушево ја собира репрезентацијата за Европското првенство

65
фото: CEV.eu

Селекторот на машката одбојкарска репрезентација на Македонија, Јошко Миленкоски, на 5 август во Крушево го закажа собирот на одбојкарите на стартот на подготовките за настапот на Европското првенство во септември. Според планот, на списокот на Миленкоски ќе има 18 одбојкари од кои низ подготвителниот период треба да се искристализира списокот на патници на првенството во Бугарија.

Репрезентативците од Крушево подоцна ќе се преселат во Скопје каде ќе бидат до заминувањето на Европското првенство. Во текот на следниот период се очекува потврда за неколку контролни натпревари. Како опција се споменуваат репрезентацдиите на Бахреин и Египет, но засега нема одицијална потврда.

Македонија на претстојниот континентален собир во Софија е во група заедно со домашната селекција Бугарија, но и репрезентациите на Израел, Полска, Португалија и Украина.

ПретходноКошаркарските јуниори заминаа на Европското првенство во Хрватска
СледноВан Бомел е новиот селектор на репрезентацијата на Белгија