(Не)намерна грешка го откри новиот клуб на Леброн Џејмс!

764

Една од главните теми ова лето е каде Леброн Џејмс ќе ја продолжи кариерата, а се чини дека наскоро би можеле да добиеме епилог. Мајами навидум случајно откри дека Леброн Џејмс повторно ќе го носи дресот на Хит.

Леброн играше за три тима во текот на својата кариера, двапати за Кливленд Кавалирс, потоа за Мајами Хит и за Лос Анџелес Лејкерс од 2018 до 2026 година.

Социјалните медиуми се во полн ек, а целиот свет зборува за тоа што се случи на официјалниот YouTube канал на Мајами Хит.

„Тест“ на преносот во живо беше објавен за да се одржи на 27 јули 2026 година, а насловот беше „Прес-конференција за промоција на Леброн Џејмс“.

Фотографијата стана вирална, додека Мајами реагираше и го преименува видеото во „тест“, а потоа го направи приватно. Портпарол на Мајами за ESPN изјави дека одделот за социјални медиуми подготвувал содржина во случај Џејмс да потпише со Хит, но линкот погрешно бил објавен јавно.

Во следните пет дена би можеле да добиеме епилог, а Леброн Џејмс би можел да го облече дресот на Мајами Хит по вторпат и да игра заедно со Јанис Адетокумбо.

ПретходноМартинез најави повлекување од репрезентацијата на Аргентина
СледноДенеска во ЛШ на УЕФА игра и првакот ФК Скопје 2014