Роџерс е веќе во Челзи со нов трансфер-рекорд на Островот

284

Морган Роџерс и официјално е нов фудбалер на лондонски Челзи. Лондонскиот клуб го објави трансферот на 23-годишниот играч од средниот ред од Астон Вила. Страните потпишаа договор до 2033 година.

Претходно беше објавено дека договорот ќе биде вреден 117 милиони фунти, со што и официјално е урнат рекордот за најскап англиски фудбалер во историјата на Премиер лигата.

Минатата сезона, Морган одигра 37 натпревари во Премиер лигата, постигнувајќи 10 гола и имајќи шест асистенции.

ПретходноЛШ и ЛК: ЕТО Ѓер веќе ги чека Вардар или Рига, Ц. Звезда убедлива во С.Ирска, Динамо Загреб со реми кај Тун!
СледноМартинез најави повлекување од репрезентацијата на Аргентина