Екипата на Шкендија, утре со почеток од 20:45 часот на стадионот Стожице во Љубљана, ќе го одигра првиот од двата дуела против словенечкиот тим на Браво, во рамките од второто квалификациско коло од Лигата на Конференции.
Тетовци од вчера се во Словенија, а денеска го одработија и официјалниот тренинг на стадионот „Стожице“.
Шкендија во второто коло стигна откако убедливо беше подобра од Европа со вкупни 6:0. На средбата против Браво засега ја нема фаворитската улога, но дали ќе се промени нешто останува да видиме утре на терен.










